Овој курс е наменет за сите што:
Имаат мал бизнис
Почнуваат свој бизнис и сакаат сами да го рекламираат
Продаваат online
Сакаат да го прошират своето знаење
Во овој курс ќе научите:
Како да изработуваш креативни објави, флаери, reels, визит карти, каталози и др.
Кога и како правилно да објавуваш за максимален резултат.
Што мора да содржи твојота продажна објава.
Типови на реклами и како истите да ги креираш за твојот бизнис (Facebook + Instagram)
Meta Suite - се што мора да знаеш
Како да правиш ефективен распоред за твоите објави
Како да наместиш автоматски пораки
Курсот се состои од 4 модули:
1. Canva - овде учите како да креирате ваши креативи за социјални мрежи (постови), а исто така видеа, флаери, каталози. Исто битно е да се додаде дека тука учите како да работите со Canva која ќе ви го олесни целот маркетинг искуство!
2. Објавување на социјални мрежи - овде учите што и кога да објавувате, како правилно да креирате објави за социјални мрежи, кои грешки најчесто се повторуваат при креирање на објави.
3. Рекламирање на социјални мрежи - овде учите како да креирате реклами и како да ги оптимизирате истите. Исто така учите какви типови на реклами постојат и како да го извлечете максимумот од секоја.
4. Распоред на објави и автоматски пораки - тука учите како да креирате автоматски порака со прашања и одговори, што ќе ви го олесни процесот на одговарање на пораки. Исто така учите како да го автоматизирате целиот процес на објавување на вашите постови и сториња на социјалните мрежи